• недела, 09 март 2025

Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир

Жан-Ноел Баро: Путин покажува „голема грозница“ и сака да избегне мир

Париз, 9 март 2025 (МИА) – Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро тврди дека рускиот претседател Владимир Путин „покажува голема грозница“ пред Украина и нејзините сојузници, нагласувајќи дека Европа сака „праведен и траен мир“ и дека Путин сака да го избегне тоа.

Во интервју за „Паризиен“, Баро изрази уверување дека европскиот самит, што се одржа во четвртокот во Брисел, ќе биде „одлучувачки за европската безбедност колку и формирањето на НАТО во 1949 година“.

- Владимир Путин покажува голема грозница пред Украина и нејзините сојузници, кои покажаа силна волја во разговорите со американската администрација да стават крај на оваа војна, рече Баро. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан