• понеделник, 15 јули 2024

Русија тврди дека соборила 22 украински дронови во западниот дел на земјата и на Крим

Русија тврди дека соборила 22 украински дронови во западниот дел на земјата и на Крим

Москва, 15 јули 2024 (МИА) – Руската армија синоќа собори 22 украински дронови во западна Русија и Крим, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

- Во текот на изминатата ноќ, системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 22 беспилотни летала, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Украина годинава ги засили нападите на руска територија, насочени кон енергетските локации за кои тврди дека ја снабдуваат руската војска, како и пограничните градови и села, пренесува Бета. јт/

Остани поврзан