• сабота, 23 ноември 2024

Русија за обвинувањата за кибернападите: Апсурдни и нереални

Русија за обвинувањата за кибернападите: Апсурдни и нереални
Вашингтон, 11 мај 2022 (МИА) - За руската амбасада во Вашингтон, апсурдни се тврдењата на американскиот Стејт департмент, околу вмешаноста на Москва во кибернападите на клучната инфраструктура во Украина. Соопштено е оти Русија е подготвена за рамноправен, професионален и неполитизиран дијалог со САД за безбедност на информации. „Таквите тврдења се апсурдни и нереални. Нашата земја никогаш не учествувала во киберагресија. Тоа е во спротивност со принципиелниот став на Русија“, се наведува во соопштението, јавија руски медиуми. Од амбасадата нагласија дека Русија е посветена на користење информациско-комуникациски технологии, исклучиво за корист на развојот на глобалната заедница. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно ја обвини Русија, дека кон крајот на февруари годинава, започнала кибернапади на комерцијални сателитски комуникациски мрежи, со цел да ги наруши украинската команда и контрола. Според него, ова влијаело на други европски земји. бд/сд/

Остани поврзан