• среда, 04 декември 2024

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ

Скопје, 7 ноември 2024 (МИА) - На маргините на настанот на Европската политичка заедница во Будимпешта остварив продуктивна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон Европската Унија, објави вечерва на својата Фејсбук страница премиерот Христијан Мицкоски.

-Денеска во Будимпешта, во присуство на Европската политичка заедница, имавме квалитетен работен ден што изобилуваше со многу работни средби со европските државници. Бев придружуван од страна на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, изјави Мицкоски.

Тој информира дека за време на средбите, ги презентирале нашите аргументи, како ја гледаме нашата економска иднина, како што рече, она што е важно, нашите економски цели, начинот на којшто планираме да ја развиваме нашата Македонија, но истовремено да ги презентираме нашите погледи и аргументи за нашиот евроинтегративен пат. 

-Со секоја средба, се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е, онаа вистина што ја чувстуваат нашите граѓани и којашто е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците и годините коишто следат. Мора да успееме. Мора да бидеме таму каде што заслужуваме а тоа е успешна, европска приказна, а нашето место е во рамките на ЕУ. После овој состанок на Европската политичка заедница, овде во Будимпешта, сум уште повеќе оптимист дека мора да не биде, и ќе не биде. Тоа што е важно, е дека ние ќе дадеме се од себе да ги одбраниме националните интереси на македонските граѓани и на нашата татковина, изјави Мицкоски. нд/вј/

Фото: Христијан Мицкоски ФБ

 

Остани поврзан