• петок, 13 декември 2024

Изборите во САД нема да имаат краткорочен ефект врз политиката на ФЕД

Изборите во САД нема да имаат краткорочен ефект врз политиката на ФЕД

Вашингтон, 7 ноември 2024 (МИА) - Исходот од претседателските избори во САД нема да има „никакви ефекти“ врз политичките одлуки на централната банка во блиска иднина, изјави претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, по победата на републиканецот Доналд Трамп на изборите.

„Не знаеме каков ќе биде времето и суштината на какви било промени во политиката. Затоа не знаеме какви би биле ефектите врз економијата“, додаде тој откако ФЕД ја претстави својата одлука за стапката.

„Ние не погодуваме, не шпекулираме и не претпоставуваме“.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најверојатно ќе му дозволи на Џером Пауел да го заврши својот мандат како претседател на ФЕД, јави денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на висок советник на Трамп.

Трамп, исто така, може да го промени своето мислење, неговиот сегашен став, како и неговиот економски тим - дека Пауел треба да остане на чело на американската централна банка до истекот на неговиот мандат во мај 2026 година, додава Си-Ен-Ен, повикувајќи се на истиот извор. зш/

Остани поврзан