• петок, 13 декември 2024

Американската војска е подготвена да ги спроведе законските наредби на новата влада, останувајќи настрана од политиката, објави Пентагон

Американската војска е подготвена да ги спроведе законските наредби на новата влада, останувајќи настрана од политиката, објави Пентагон

Вашингтон, 7 ноември 2024 (МИА) - Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во меморандум објавен денеска до американската војска рече дека Пентагон е посветен на уредна транзиција на власта на новата администрација на Доналд Трамп и дека војската нема да се меша во политиката и дека е подготвена да ги спроведе „сите законски наредби“.

Доналд Трамп беше запрашан во интервју минатата недела дали очекува хаос на денот на изборите, а во својот одговор тој призна дека војската може да биде распоредена доколку е потребно.

„Пред се, војската на САД ќе продолжи да остане надвор од политичката арена; да ја штити нашата држава со интегритет и професионализам; да остане обединета со нашите ценети сојузници и партнери кои ја зајакнуваат нашата безбедност“, рече Остин во изјавата   објавена денеска.

За време на неговата изборна кампања, Трамп зборуваше за „непријател одвнатре“.

„Како што беше секогаш, американската војска ќе биде подготвена да ги спроведе политичките одлуки на нејзиниот следен врховен командант и да ги почитува законските наредби“, напиша Остин.

„Вие сте војската на САД - најдобрата борбена сила на Земјата - и ќе продолжите да ја штитите нашата земја, нашиот устав и правата на сите наши граѓани“, додаде актуелниот секретар за одбрана. зш/

Остани поврзан