Румен Радев пристигна во официјална посета на Баку на покана на неговиот колега Илхам Алиев
- Шефот на бугарската држава Румен Радев пристигна во Баку, Азербејџан, каде што е во официјална посета на покана на неговиот колега, претседателот Илхам Алиев. Шефот на бугарската држава беше официјално пречекан на аеродромот.
Софија, 7 мај 2024 (МИА/БТА) - Шефот на бугарската држава Румен Радев пристигна во Баку, Азербејџан, каде што е во официјална посета на покана на неговиот колега, претседателот Илхам Алиев. Шефот на бугарската држава беше официјално пречекан на аеродромот.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Во делегацијата предводена од бугарскиот претседател се в.д. министерот за енергетика Владимир Малинов, претседателот на Групата за пријателство Бугарија-Азербејџан во Националното собрание Хамид Хамид и претставници од бизнисот.
Румен Радев и Илхам Алиев на 8 мај ќе одржат средба „во четири очи“ и ќе ги водат пленарните разговори меѓу делегациите на двете земји, по што ќе потпишат Заедничка декларација за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Азербејџан.
Радев во Баку ќе се сретне со претседателот на Парламентот на Република Азербејџан проф. Сахиба Гафарова и ќе разговара со бугарски специјалисти кои работат во областа на спортот во Азербејџан.
Јакнењето и продлабочувањето на стратешкото партнерство и соработката во области од заемен интерес, меѓу кои енергетиката, економијата, високите технологии, иновациите, транспортот и туризмот ќе бидат во фокусот на посетата на претседателот Румен Радев.
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.