• недела, 19 мај 2024

Росоман побара, Водостопанство „Тиквеш" одобри продолжено водоснабдување за земјоделските култури 

Росоман побара, Водостопанство „Тиквеш

Росоман, 16 октомври 2023 (МИА) - Општина Росоман побара, а Водостопанство „Тиквеш" одобри продолжено водоснабдување за земјоделските култури и после 15 октомври, информираа денеска од росоманската локална самоуправа. 

Во врска со барањето за продолжување на сезоната за наводнување на земјоделски површини во Општина Росоман, од Подружница „Тиквеш" Кавадарци при АД Водостопанство на РСМ Скопје, ја известиле локалната самоуправа дека извршуваат снабдување со вода за наводнување и останати потреби за водокорисниците и земјоделските површини од левиот магистрален канал од ХМС Тиквеш, вклучително за водокорисниците и земјоделските површини од Општина Росоман. 

- Имајќи ги предвид реалните потреби за вода во овој период од годината, Подружница „Тиквеш" ќе продолжи со испорака и снабдување со вода за потребите на водокорисниците и земјоделските површини од Општина Росоман и после 15 Октомври, за што ги презеде потребните мерки за продолжување на снабдувањето со вода, се вели во писмениот допис до Општината. 

Во дописот се нагласува дека снабдувањето со вода ќе продолжи и во наредниот период во зависност од потребите за вода и временските услови, за што навремено ќе бидат известени, како локалната самоуправа, така и водокорисниците од Општина Росоман. свд/цр


Фото : МИА 

Остани поврзан