• петок, 20 декември 2024

Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Роналдо сака да стане прв човек на бразилскиот фудбал и да го доведе Гвардиола за тренер

Рио де Жанеиро, 18 ноември 2024 (МИА) - Познатиот фудбалер од Бразил, Роналдо, сака да стане прв човек на оваа јужноамериканска земја. Планира да се повлече од фудбалскиот клубски бизнис и да се посвети на други предизвици. Крузеиро веќе го продаде, Реал Ваљадолид наскоро.

Поранешната ѕвезда на Реал и Барселона дефинитивно цели кон претседателската функција во ФС Бразил, што се гледа од неговите постапки, односно бизнисот во Европа.

Претседателските избори ќе се одржат следната година, а Роналдо планира да ја поддржи својата кандидатура со звучно име за нов тренер.

Роналдо наводно планира да го донесе Пеп Гвардиола кој е во последната сезона од договорот со Манчестер Сити за селектор на Бразил.

Бразил моментално го води Доривал Жуниор. Последен пат Бразилците беа светски шампиони во 2002 година, а посебен проблем за нив беше неуспехот на домашното Светско првенство во 2014 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан