• четврток, 19 декември 2024

РИК и ГИК ги прогласија прелиминарните изборни резултати во Србија и покрај протестите и блокадите на опозицијата

РИК и ГИК ги прогласија прелиминарните изборни резултати во Србија и покрај протестите и блокадите на опозицијата

Белград, 18 дкември 2023 (МИА) - И покрај блокадите и протестите на опозицијата од голема група на граѓани пред објектот на Републичката изборна комисија (РИК), кои поради наводни изборни кражби бараат поништување на изборите за град Белград, РИК одржа седница и ги соопшти прелиминарните изборни резултати за парламентарните избори во Србија, а Градската изборна комисија (ГИК) во друг објект ги соошти прелиминарните резултати за изборите за град Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

Според РИК на 96,68 отсто од избирачките места, листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да застане“ има освоено 1.721.572 гласови или 46,71 отсто, односно 1.721.572 гласа.

Изборната листа „Србија против насилството“ освоила 23,58 отсто од гласовите.

За изборната листа „Ивица Дачиќ - премиер на Србија“ гласале 6,57 отсто, додека коалицијата НАДА-ДСС освоила 5,03 отсто од гласовите, а листата на Бранимир Несторовиќ освои 4,69 отсто од гласовите.

Во Собранието на Србија влегуваат и неколку малцински партии.

РИК соопшти и дека излезноста на годинешните парламентарни избори била 59,7 отсто.

Од РИК кажаа дека прелиминарните резултати од изборите ќе бидат објавени вечерва, а конечните резултати може да се очекуваат откако ќе завршат сите изборни активности, односно истечат роковите за поднесување приговори или евентуално повторување на изборите на некои избирачки места.

Рокот за поднесување приговори е 72 часа од затворањето на избирачките места и утврдувањето на првичните резултати, а приговорите се поднесуваат до локалната изборна комисија согласно законот, која ќе постапи соодветно.

-Конечните резултати ќе ги имаме во 2024 година, бидејќи самата заштита на изборното права е значително проширена за да гласачите доколку слушнат за какви било нерегуларности имат време да поднесат соодветен правен лек, објасни претседателот на РИК Владимир Димитријевиќ.

Седницата на РИК се одржа во тензична атмосфера, поради блокадата и протестите на коалицијата Србија против насилството (СПН), кои дојдоа со доказни материјали за изборна кражба и поништување на белградските избори, почетокот на штрајк со глад на носителите на листата Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ во самиот РИК и обидот на лидерите на СНП во РИК да ја блокираат работата.

На дебатата на РИК, беше кажано дека доказните материјали за изборни кражби во град Белград, СПН треба да ги достави до Градската изборна комисија (ГИК).

Во меѓувреме и ГИК ги објави прелиминарните резултати според кои СНС освои 49 мандати, СНП-42 одборници, НАДА-ДСС -7 мандати, а Несторовиќ и СПС на Дачиќ по 6 мандати.

Атмосферата пред РИК сеуште е тензична, беше нападнат член на РИК, студентите сакаат да влезат на седницата, гаѓаат со јајца и други предмети, додека лидерите на СНП ги спречуваат, барајќи да продолжи и понатаму блокадата. об/ссм/

Остани поврзан