Модуларните болници не биле капацитети во кои можела да се дава интензивна медицинска нега, тврдеше Чибишев уште во 2021 година
- Доктор Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, кој е и поранешен директор на оваа Клиника, во 2021 година, по пожарот во модуларната болница во Тетово, во едно телевизиско гостување говори дека наместо модуларните болници, подобра опција за згрижување на пациентите со ковид биле инфективните и интернистичките одделенија. - Ние имаме куп нефункционални здравствени објекти или руинирани, оставени на забот на времето, кои можеа со малку пари и малку организација да се приспособат и да се користат во контекст на ситуацијата во која се наоѓаме. Тоа се објекти направени по сите стандарди, само треба да се приспособат, изјави тогаш доктор Чибишев за емисијата „Што не е јасно“, емитувана на 11 септември 2021 година на телевизијата „Алфа“.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.