• сабота, 14 март 2026

Тројца загинати во хеликоптерска несреќа на рускиот далечен исток

Тројца загинати во хеликоптерска несреќа на рускиот далечен исток

Москва, 21 феваруари 2026 (МИА) - Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во регионот Амур на далечниот исток на Русија, пренесува „Анадолија“.

Приватен хеликоптер „Робинсон“, кој исчезнал од радарите претходно во текот на денот, е пронајден без преживеани, соопштија денеска властите на регионот Амур.

- Потрагата по хеликоптерот што исчезна во областа Ромненски е завршена во регионот Амур. За време на операцијата за пребарување и спасување, пронајдени се местото на несреќата и телата на три жртви, се вели во соопштението.

Властите изразија сочувство до семејствата и блиските на жртвите.

Покрената е истрага за околностите на несреќата.

Причината за несреќата не е соопштена. Сепак, Обвинителството за транспорт на Источен Сибир во посебна изјава соопшти дека е утврдено оти хеликоптерот му припаѓал на починатиот пилот, кој немал дозвола за управување со леталото.

Исто така, се наведува дека хеликоптерот не бил официјално регистриран во согласност со пропишаните процедури.са/

Фото: принтсксрин

 

 

Остани поврзан