• петок, 17 мај 2024

Реал го освои Суперкупот, Анчелоти се израмни со Зидан број на трофеи

Реал го освои Суперкупот, Анчелоти се израмни со Зидан број на трофеи

Ријад, 15 јануари 2024 (МИА) - Реал Мадрид синоќа во Ријад ја победи Барселона со 4:1 во финалето на шпанскиот Суперкуп.

За тренерот на Реал, Карло Анчелоти, ова е 11-ти трофеј со клубот. Шеесет и четиригодишниот Италијанец се израмни со Зинедин Зидан по освоени трофеи со „кралскиот клуб“.

Најтрофеен тренер во историјата на Реал Мадрид е Мигел Муњоз, кој има вкупно 14.

Реал по 13-ти пат во историјата го освои шпанскиот Суперкуп. Барселона останува рекордер на турнирот со 14 трофеи. зс/

Фото: Фејсбук Реал Мадрид

Остани поврзан