• сабота, 18 мај 2024

Реализирани превентивни и едукативни активности во рамки на СВР Битола и на Велес

Реализирани превентивни и едукативни активности во рамки на СВР Битола и на Велес

Скопје, 6 октомври 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници од ОВР Крушево при СВР Битола, била спроведена едукативна работилница во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Бучин на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, како дел од превентивниот проект „Безбедно од дома до училиште“.

Eдукативната работилница била спроведена со ученици од прво одделение од училиштето на кои им била одржана соодветна наменски подготвена презентација за значењето на сообраќајните знаци, за хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, како и за правилата за преминување преку раскрсница, а со цел заштита на децата како најранлива категорија во сообраќајот.

Од МВР денеска соопштија дека на учениците им бил поделен соодветен едукативен печатен материјал, а била одржана и трка под мото „Трчај до победа“.

Во Демир Хисар и Ресен пак полициските службеници од ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен реализирале превентивна активност во насока на заштита на шумите од пожари и бесправна сеча, при што граѓаните биле информирани околу законските санкции со коишто може да се соочат во поглед на неодговорното и незаконско однесување.

Вчера и учениците  од Основното општинско училиште „Димка Ангелов Габерот“ од село Ваташа го посетиле ОВР Кавадарци. Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци, во просториите на ОВР Кавадарци биле нивни домаќини и се дружеа со учениците.

Во рамки на „Светската недела на детето“ бил реализиран – „Отворен ден со полицијата“ каде што на учениците им биле презентирани основните информации поврзани со улогата и задачите на униформираните полициски службеници, а дополнително децата имале можност и да се запознаат со основните материјално-технички средства што  полицијата ги користи во секојдневното извршување на работните задачи. цр/са/

Фото:МВР

Остани поврзан