• понеделник, 22 јули 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Дарко Каевски

Скопје, 25 ноември 2023 

Нема потреба од загриженост во редовите на СДС, ВМРО-ДПМНЕ нема намера во овие моменти да преземе било кој од коалициониот пакт на Левица - СДС - ДУИ.

Од друга страна Каевски треба да одговори дали е прифатливо за СДС да се откаже од технички премиер од редовите на ДУИ?

Дали до толку СДС е седната во скутот на ДУИ?

Дали СДС мора да молчи и да прифати за технички премиер да постави човек од дувлото на криминалот и корупцијата во Македонија - ДУИ?

Дали СДС е до толку потчинета во однос на криминалците од ДУИ, па се спремни да ја брукаат и Македонија со технички премиер од дувлото на криминалот и корупцијата?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан