• среда, 15 мај 2024

Рашфорд е здрав за ноќен живот, болен за тренинг

Рашфорд е здрав за ноќен живот, болен за тренинг

Манчестер, 27 јануари 2024 (МИА) - Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд не тренираше со тимот во петокот. На социјалните мрежи се појави видео на кое напаѓачот на Јунајтед влегува во ноќен клуб во Белфаст (главниот град на Северна Ирска) во средата навечер.

Извори блиски до Рашфорд рекоа дека тој застанал за да јаде и морал да го одложи летот за враќање поради болест.

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, на прес-конференција во петокот изјави дека играчот го пропуштил утринскиот тренинг на тимот затоа што бил „болен“.

Не се знае дали Рашфорд утре ќе игра против Њупорт во ФА купот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан