• недела, 22 декември 2024

Хамилтон ќе вози за Мерцедес на последните три трки во Формула 1

Хамилтон ќе вози за Мерцедес на последните три трки во Формула 1

Лондон, 19 ноември 2024 (МИА) - Британскиот Ф1 возач, Луис Хамилтон ќе ги испочитува своите обврски кон неговиот сегашен тим Мерцедес и ќе вози на последните три старта според планираното - почнувајќи од Гран При на Лас Вегас овој викенд.

Седумкратниот светски шампион ги зголеми сомнежите за неговата блиска иднина по зборовите упатени кон боксот на тимското радио на ГП на Бразил. Пред две недели во Интерлагос, Хамилтон имаше еден од најлошите настапи, завршувајќи на 10-тото место, откако и самиот тоа го призна.

-Тоа беше пеколен викенд момци! Го имав најлошиот болид некогаш поставен да се движи на патеките. Ви благодарам што го дополнивме нашето искуство, одлична работа за сите момци во пит-стопот. Ако ова беше последен пат да возам, штета што не беше супер, но благодарам, рече тој и со оваа порака предизвика чудење и прашања. 

Криптичната порака наведе некои да веруваат дека Хамилтон предвреме ќе ја заврши кариерата во Мерцедес со уште три трки до крајот во Лас Вегас, Катар (1 декември) и Абу Даби (8 декември).

Но, во соопштението за медиумите од тимот на Мерцедес, стана јасно дека тоа не е така. 

-Одиме во Лас Вегас подготвени да се справиме со последните три трки од сезоната. Фокусирани сме оваа година да ја завршиме што посилно и да обезбедиме уште неколку моменти додека ја затвораме 2024 година. Со нетрпение ги очекуваме претстојните трки за да го завршиме нашето неверојатно патување со Луис на високо ниво и да изградиме импулс за 2025 година, рече шефот на тимот, Тото Волф. дс

Фото: Архива

Остани поврзан