• четврток, 09 мај 2024

Раководството на Арсенал сака да потпише нов договор со Артета

Раководството на Арсенал сака да потпише нов договор со Артета

Лондон, 9 април 2024 (МИА) - Раководството на Арсенал е задоволно од работата на главниот тренер Микел Артета.

Според новинарот Фабрицио Романо, клубот има намера на шпанскиот стручњак да му понуди нов долгорочен договор. И Артета сака да остане во тимот и е подготвен даја продолжи соработката.

Под водство на Артета, Арсенал е водечки во табелата во Премиер лигата. Во Лигата на шампионите, тимот во четвртфиналето ќе игра со Баерн Минхен.

Артета е на чело на Арсенал од декември 2019 година. Сегашниот договор му е со важност до јуни 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан