Евролига: Олимпијакос последен учесник во фајнлфорот
- Кошаркарите на грчки Олимпијакос се пласираа на фајнлфорот во Евролигата, откако синоќа во решавачкиот, петти, натпревар на гости ја совладаа Барселона со 63-59 (9-12, 16-15, 15-13, 23-19).

Барселона, 9 мај 2024 (МИА) – Кошаркарите на грчки Олимпијакос се пласираа на фајнлфорот во Евролигата, откако синоќа во решавачкиот, петти, натпревар на гости ја совладаа Барселона со 63-59 (9-12, 16-15, 15-13, 23-19).
Шекил Мекисик со 12 и Костас Папаниколау со 11 поени го предводео Олимпијакос до големата победа, додека најефикасни во редовите на Барселона беа Николас Лапровитола со 17 и Алекс Абринес со 13 поени.
Во полуфиналето на фајнлфорот Олимпијакос ќе игра против Реал Мадрид, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Фенербахче и Панатинаикос.
Завршниот турнир ќе се одржи од 24 до 26 мај во Берлин. ег ФОТО: Икс