• четврток, 16 мај 2024

Реал против Борусија за трофејот во Лигата на шампиони

Реал против Борусија за трофејот во Лигата на шампиони

 

Мадрид, 8 мај 2024 (МИА) – Фудбалерите на Реал Мадрид се вторите финалисти во Лигата на шампиони, откако вечерва во драматичен реванш полуфинален натпревар на Сантијаго Бернабеу го совладаа минхенски Баерн со 2-1 и го елиминираа германскиот тим со вкупен резултат 4-3.

По минатонеделните 2-2 во Минхен, фудбалерите на Баерн беа на чекор до пласман во финалето, откако Дејвис го донесе германскиот тим во водство во 68 минута.

Резултатот беше активен до 88 минута кога на сцена стапи Хоселу и со два гола, во 88 и 90 минута, донесе целосен резултатски пресврт и пласман на Реал во финалето..

Противник на Кралскиот клуб во дуелот за титулата на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон ќе биде Борусија Дортмунд, која вчера со вкупни 2-0 го елиминираше француски ПСЖ. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан