Јовевски: Потпишувањето на колективни договори во јавниот сектор е историски моментум, Македонија лидер во регионот во ова синдикално преговарање
- Професорот по трудово право Лазар Јовевски смета дека потпишувањето на 60-те поединечни колективни договори со институци од јавниот и државниот сектор е историски моментум во оваа сфера, бидејќи, како што нагласува, спецификата е што на овој начин се навлегува многу подлабоко во однос на одредени прашања кои се поврзани, односно се од значење за самите вработени. На ваков начин, вели, има една лепеза на подобрени права кои се однесуваат на сите вработени, плус, како што вели, е круната на целиот процес, а тоа е покачувањето на платите, кое за околу две години треба да изнесува околу 42 - 43 проценти. Според него, ова е нешто што до сега се нема случено на ваков начин во држава Македонија, од осамостојувањето, па до денес. Тоа што особено го радува, вели, е што на ова прашање му се пристапува системски и што се остава простор за зголемување на платите и во иднина, а не само еднократно. Така што, нагласува професорот Јовевски, ова нешто е поинакво и покажува дека Македонија е веќе лидер во колективното преговарање во јавниот сектор во регионот.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.