• петок, 17 мај 2024

Винисиус: Сплотеноста е клучот за успехот на Реал

Винисиус: Сплотеноста е клучот за успехот на Реал

 

Мадрид, 9 мај 2024 (МИА) – Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, по синоќешниот пласман во финалето во Лигата на шампиони оцени дека успесите на Кралскиот клуб на европската сцена се должат на кохезијата и посветеноста на фудбалерите и навивачите.

Реал се пласираше во финалето на „Вембли“ по драматичен пресврт на реванш полуфиналниот натпревар против Баерн, елиминирајќи го германскиот гигант со два гола во самата завршница (2-1) на дуелот на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кога играме дома, имаме чувство дека ништо не е невозможно. Тоа се должи на сплотеноста на нашата група и тоа ја прави разликата со другите тимови“, изјави Винисиус по натпреварот.

„Горд сум на сите. Горд сум што имам можност да играм на овој стадион и да доживеам вакви ноќи. Ова е Реал Мадрид – не се откажуваме против никого. Секогаш напаѓаме сè повеќе и повеќе трофеи. Нашите навивачи се исти како нас. Горд сум што го носам овој дрес“, рече Винисиус.

Реал со 14 европски титули е рекордер, а шанса да ја освои 15 титула ќе има на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон во финалето во кое за противник ќе ја има Борусија Дортмунд. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан