• сабота, 20 јули 2024

Работилница на тема: ,,Подигни го гласот, младински активизам во Делчево"

Работилница на тема: ,,Подигни го гласот, младински активизам во Делчево

Делчево, 27 ноември 2023 (МИА) – Во организација на Младинскиот образовен форум, а во соработка со УНФПА во Делчево се одржа работилница на тема „Подигни го гласот, младински активизам во Делчево“.

Работилницата се одржа во гимназијата „Методи Митевски Брицо“ од каде информираа дека истата има за цел да ја претстави скалата на младинско учество и поимот активизам пред младите од Делчево.

- Учествуваа 29 ученици од училиштето „М.М. Брицо“, а координатори на активностите беа Никола Марковски

(поранешен наш ученик) и Андреј Ѓеоргиевски (ученик во IV 1 клас). Тие преку игри и дискусија ги поттикнаа младите како да дејствуваат, да бидат поактивни во општеството и да наоѓаат потенцијални решенија за бариерите за младинско учество, информираа од СОУ „М.М. Брицо“.

Активноста се реализира во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ кој е партнерски проект на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА и Младинскиот образовен форум (МОФ).

- Веруваме дека младите имаат моќ да обликуваат посветла иднина, а овие работилници имаат за цел да ги поттикнат и опремат младите со потребните алатки и знаење за да создадат позитивни промени во нивните заедници. Работилниците се спроведуваат во различни градови низ државата во текот на месец ноември 2023 година. Со учеството младите стекнуваат знаења и практични вештини за поттикнување на вклученоста, промовирање на еднаквоста и градење доверба во заедницата, се вели во генералниот опис на проектот на МОФ&УНДПА.

За самите работилници во рамки на овој проект, претходно беше распишан повик за млади на возраст од 15 до 30 години кои беа наменети за млади од областа на младинско учество, инклузија, еднаквост и доверба. вс/ир

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан