• вторник, 14 мај 2024

Путин му изрази сочувство на Си Џинпинг за земјотресот во кој загинаа 118 луѓе

Путин му изрази сочувство на Си Џинпинг за земјотресот во кој загинаа 118 луѓе

Москва, 19 декември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на кинескиот претседател Си Џинпинг во врска со земјотресот во кој загинаа најмалку 118 лица, соопшти денеска Кремљ.

Најмалку 118 лица загинаа во земјотресот во северозападната кинеска провинција Гансу, новиот биланс што синоќа го објавија локалните власти.

Земјотресот е регистриран вчера на околу 1.300 километри југозападно од Пекинг, а според Геолошкиот институт на САД бил со јачина од 5,9 степени. паг/

Фото: ЕПА


  
  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан