• недела, 19 мај 2024

Пумас го раскина договорот со Дани Алвеш

Пумас го раскина договорот со Дани Алвеш

Мексико Сити, 21 јануари 2023 (МИА) – Мексиканскиот фудбалски клуб Пумас објави раскин на договорот со Дани Алвеш.

Одлуката е донесена откако еден ден претходно Бразилецот беше приведен по обвинението од 23-годишна девојка за сексуално насилство во ноќен клуб во Барселона.

Претседателот на мексиканскиот клуб Леополдо Силва излезе со соопштение во врска со раскинувањето на договорот со играчот.

- Со оваа одлука, клубот ја потврдува својата посветеност на нетолеранција кон постапките на кој било член на нашата организација, насочени против нејзиниот дух и вредности. Нашиот клуб се залага за почит, чесност и достоинство на нашите играчи и на теренот и надвор од него, бидејќи тие се пример во општеството, во Мексико и на други места во светот. Не можеме да дозволиме однесувањето на еден човек да и наштети на нашата филозофија која отсекогаш била примерна во тренирањето и развојот на младите спортисти во земјава, изјави Силва.

Договорот на Алвеш со Пумас беше со важност до 30 јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан