• петок, 17 мај 2024

Промоција на романот „Излегувањето од сенка (тајното женско училиште)“ на Дијана Петрова во Струга

Промоција на романот „Излегувањето од сенка (тајното женско училиште)“ на Дијана Петрова во Струга

Струга, 18 август 2023 (МИА) - Во Спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга в недела ќе биде промовиран романот „Излегувањето од сенка (тајното женско училиште)“ на Дијана Петрова.

Струшката промоција, во домот на Миладиновци, според авторката, е начин да се покаже дека тоа е препознаено, но и да прати порака до сите намерници кои Миладиновци ги упатило кон Струга и Македонија, да ја прочитаат.

Главниот линк, Митра Миладинова, укажува за возможноста на суптилното постоење на едно тајно женско училиште, кое описменувањето на жените го издигнува до ниво на смисла и борба до последен здив. Тие жени и најдобро знаат да ги испеат песните, кои ги читаме во Зборникот на Миладиновци.

Романот „Излегувањето од сенка (тајното женско училиште)“, според најавата, доаѓа како мелем за сите оние нешта што останале премолчени или недокажани, а се врзани околу дејноста на браќата Миладиновци.

Дијана Петрова е родена 8 април 1992 во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословени книжевности. Досега ги објавила романот „Бдеењето над себе“ и збирката раскази „Не правете им сенка на гробовите“, а „Излегувањето од сенка (тајното женско училиште)“ е нејзина трета објавена книга.сс/бт/

Остани поврзан