• петок, 10 мај 2024

Продолжи реконструкцијата на патот Дебреше – Здуње во гостиварско

Продолжи реконструкцијата на патот Дебреше – Здуње во гостиварско

Гостивар, 14 септември 2023 (МИА) – Локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Дебреше и Здуње во должина од 2,5 километри наскоро ќе биде целосно обновен, информираат од општина Гостивар.

Деновиве, од правец на селото Дебреше заврши изградбата на дел од канализацијата во должина од 1.300 метри и започнато е со подготовките за асфалтирање и активностите за тампонирање и нивелирање на подлогата.

- Со проектот за целосна реконструкција на овој патен правец напоредно се работи на делот кој почнува од селото Здуње, каде во тек се работите на поставување канализација во должина од 1.200 метри, наведуваат од општина Гостивар.

Овој инфраструктурен зафат е еден од покрупните на локалната самоуправа за оваа година. Со реконструкцијата на патот, се очекува значително да се подобри сообраќајното поврзување со градот и западниот од општината. згм/лв/

фото: Општина Гостивар

Остани поврзан