• понеделник, 23 декември 2024

Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица

Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица

Струмица, 10 мај 2024 (МИА) - Во Струмица денеска ќе почнат активностите за свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница. По завршување на вечерната богослужба во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во 17 часот иконата ќе биде пренесена во храмот „Свети Григориј и Свети Димитриј Палама“, каде ќе биде оставена за поклонение на верниците, информираа од Струмичката епархија на МПЦ-ОА.

Свечената литија утре ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“, каде ќе се одржи молебен.

Пред седум години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама заштитникот на Струмичката епархија, иконата беше донесена во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар. рт/лв/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан