• недела, 22 декември 2024

Дводневна промоција во „Лаб дизајн маркет“

Дводневна промоција во „Лаб дизајн маркет“

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) -  Во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ денеска напладне ќе започне дводневна промоција на нови дизајнери. Покрај ова, дизајнерката Евгенија Зафировска ќе ја отвори својата архива на досегашни примероци од минатите колекции и ќе ги понуди на продажба.

-Маркетот засега нуди приказ во една нова современа форма на традиционалните македонски занаети и првпат ги поврзува занаетчиите и дизајнерите во систем кој ќе им помогне на занаетчиите во брендингот, дистрибуцијата и промоцијата, а на дизајнерите ќе им понуди изработувачи. На настанот ќе им посакаме добредојде на новите дизајнери во нашата заедница, а на посетителите ќе им ги прикажеме овие сосема нови брендови чии колекции се целосно рачно изработени, најавуваат организаторите.

„Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон во центарот „Лабораториум“, сместен во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“. лв/

фото: Лаб дизајн маркет 

Остани поврзан