• понеделник, 13 мај 2024

Продолжи дебатата за измените на Законот за ДДВ

Продолжи дебатата за измените на Законот за ДДВ

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Во Собранието денеска во рамки на 120. седница продолжи дебатата за измените и дополнувањата на Законот за ДДВ. 

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта со овие измени ќе се зголеми цената на над 4.000 прехрамбени производи кои дополнително ќе влијаат на потрошувачката кошница која за август беше пресметана дека за едно семејство ќе чини 50.000 денари. Пратеникот Бојан Стојановски истакна дека во оваа сума не е пресметана ратата за кредит, бидејќи најголем дел од семејствата во земјата имаат кредит, а здравствените потреби се ставени дека чинат само 800 денари, што не е така. 

Стојановски, но подоцна и дел од неговите колеги кои дебатираа рекоа дека Владата не понудила нови мерки за заштита на граѓаните од новите ценовни шокови, како што тоа го сториле Србија, и други земји. 

Со измените редица производи ќе се зголемат поради пораст на ДДВ-то од 5 на 13 отсто за што како што рекоа опозиционерите, нема објавено листа. 

Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека листа има и дека заради кризата ДДВ-то се враќа ама не на сите производи. 

-Ја има таа листа, само ВМРО-ДПМНЕ не може да ја види. Државата оди напред, само потребни сте и вие да оди напред, рече Лазаревска во реплика. 

Пратениците од опозоцијата повторија низа скандали, како што рекоа на власта, посочија дека преку 400.000 семејства во земјата во сиромашни, и дека поради тоа мора да се организираат избори. 

Дебатата за измените и дополнувањата на Законот за ДДВ треба да продолжи во 15.30 часот. ев/са/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан