• четврток, 02 мај 2024

Приведен осомничен крадец во Куманово

Приведен осомничен крадец во Куманово

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Кумановската полиција вчера попладнето во 17.15 часот во Куманово, го лишила од слобода А.Ф.(45) од Куманово, кој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово.

Како што информираат денеска од МВР, А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. сст/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан