Приведен кумановец поради предизвикување пожар
- Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19:15 часот го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово поради сомнение дека на своја нива во село Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот.

Скопје, 24 септември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 19:15 часот го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово поради сомнение дека на своја нива во село Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот.
Како што соопшти денеска МВР, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат.
Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/
Фото: МИА архива