• вторник, 11 јуни 2024

Приведен криминалец од Арачиново, баран со потерница

Приведен криминалец од Арачиново, баран со потерница

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска во 12:15 часот во скопското село Арачиново го лишиле од слобода Ф.К.(54) од село Арачиново.

Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казна затвор од пет години и девет месеци.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан