• среда, 12 јуни 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Ј.(21) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „неовластено изработување држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 17 декември 2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле ловечка пушка, две воздушни пушки и патрони за ловечка пушка со калибар 16мм.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(24) од Охрид осомничен за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во својство на закупец, без решение за реконструкција издадено од надлежен државен орган, тој извршил бесправна реконструкција, доградба и надградба на кровна конструкција на објект на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, кој се наоѓа во старото градско јадро на Охрид, прогласено за културно наследство од особено значење.

Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднесоа две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“.

Тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга. При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода.

На 10 јни 2024 во 11.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на пресекот од ул.„Железничка“ со ул. „Абас Емин“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Л.Р.(70) и мотоцикл „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(21), двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.Ѓ. и неговата сопатничка В.С.(61) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. 

На 10.06.2024 во 15.26 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 07.06.2024 околу 21.30 часот на бил.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.И.(25) удрило во електричен тротинет управуван од малолетник, двајцата од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клинички центар Тетово. По насоки на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.А.(50) од с. Неготино, гостиварско и Г.С.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“.

На 27.01.2024 во угостителски објект, полициски службеници извршиле контрола на пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Т.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 04.03.2023 на регионалниот пат с.Маврово - с.Никифорово, полициски службеници извршиле преглед на возилото на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени хероин и други предмети со остатоци од кокаин.

На 10.06.2024 во 22.08 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Ј.(38) од Пробиштип.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с.Добрево, Пробиштипско. Увид бил извршен.  

На 11.06.2024 во 00.48 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Р.(20) од Пробиштип.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во рудник во Пробиштип. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.А.(72) и З.Ј.(60), двајцата од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 12.05.2024 на место викано „Равни дол“ во Македонска Каменица, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што си нанеле тешки телесни повреди.

На 10.06.2024 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит-пазар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(62) и А.С.(30), двајцата од Скопје, од една страна и Б.И.(46) од с.Страхојадица, Скопско и А.И.(41) од Скопје од друга страна.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.06.2024 во 12.00 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир, неговата поранешна сопруга А.М. физички ги нападнала нивните два малолетни сина.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ц.(42) од Прилеп и правно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.

Со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, пријавените, вршеле неовластена продажба на производи со идентична заштитена трговска марка на правно лице од Република Турција.

На 10.06.2024 во 20.45 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината свекрва. С.М.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што ќе следува соодветен поднесок.

На 10.06.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, Ј.М.(21) од с.Никиштане, Скопско, пријавил дека на работното место во приватна фирма на подрачјето на Чаир во Скопје бил физички нападнат од неговиот колега Ф.В.(19) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Б.О.(64) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во текот на 2016 на дел од катастарска парцела во државна сопственост, пријавениот узурпирал земјиште поставувајќи дрвена ограда и без одобрение за градење изградил викенд куќа.

На 10.06.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, 52-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговата поранешна вонбрачна партнерка ИД.(48) од Скопје физички го нападнала нивниот малолетен син.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.06.2024 во 21.40 часот во СВР Скопје, И.Н.(49) од Скопје пријавил дека во 21.20 часот на подрачјето на Ѓорче Петров физички бил нападнат од неговиот сосед С.И.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(77) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Пријавениот, во период од 15 години на катарска парцела во државна сопственост, пријавениот  изградил објект без да поседува одобрение за градба.

На 10.06.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Б.Ј.(17), која и порано се оддалечувала и била враќана.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Битола поднесе кривична пријава против К.Б.(66) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 2023 година, пријавената изградила куќа со деловни и станбени простории на катастарска парцела без претходно обезбедено одобрение за градба.   

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Р.(31) од Кралство Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 05.06.2024 во с.Пештани, пријавениот оштетил медицинско возило и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. 

На 11.06.2024 во Полициската станица Кочани, С.Р.(50) од Кочани пријавила дека на ул. „Теодосија Паунов“ во Кочани била касната од куче скитник.

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан