• среда, 24 јули 2024

Приведен крадец во Струмица

Приведен крадец во Струмица

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) -  Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера  го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица.

Тој, како што соопшти денеска МВР, се сомничи дека претходно во Струмица, од возило за дистрибуција на цигари одзел повеќе кутии цигари при што, кај него биле пронајдени 179 кутии разновидни цигари.  

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан