• среда, 20 ноември 2024

Мицкоски за средбата Сиљановска Давкова - Радев: Очекувам дека ќе бидеме добри соседи и дека до крајот на годинава ќе го продолжиме нашиот процес на достоинствен начин

Мицкоски за средбата Сиљановска Давкова - Радев: Очекувам дека ќе бидеме добри соседи и дека до крајот на годинава ќе го продолжиме нашиот процес на достоинствен начин

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека до крајот на оваа година ќе можеме и да го продолжиме нашиот процес на достоинствен начин, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев, која се одржа вчера во Баку.

-Ние се трудиме да градиме мостови со сите соседи. Не знам каков бил речникот на средбата, знам дека средбата поминала пријателски во добра атмосфера. Нашите аргументи се немилосрдни. Добив информација дека тие аргументи се презентирани на таа средба. Истото она што ние го правиме со нашите стратешки партнери му е предочено на господинот Радев и очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека ова е навистина двонасочна улица и дека навистина до крајот на оваа година ќе можеме и ние да продолжиме со нашиот процес на достоинствен начин, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“, во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција (МАТТО). 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска му одговори на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче во врска со барањето за носење нов Кривичен законик, нагласаувајќи оти нов КЗ ќе се донесе, но

Сиљановска Давкова вчера оствари средба со Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени – COP 29 во Баку, Азербејџан. Во разговорот кој, како што информираат од Кабинетот на претседателката, траел еден час и се одвивал во конструктивна атмосфера, било разговарано за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, за надминување на отворените прашања меѓу двете држави, како и за можностите за продлабочување и динамизирање на билатералната соработка во повеќе области од взаемен интерес.

Сиљановска Давкова, како што посочуваат од Кабинетот, нагласила дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување, поддршка и активна соработка што ќе придонесе за јакнење на довербата и пријателството меѓу двата народа.

Бугарскиот претседател Радев укажал на потребата од брзо решавање на отворените прашања, како и на потребата од воспоставување на добри односи во сите области од заемен интерес за полесно меѓусебно разбирање.

Двајцата соговорници во разговорот се согласиле за организирање на официјални посети на кои ќе се конкретизираат заложбите за подобра севкупна соработка меѓу двете држави. ац/ев/

Фото: Принтскрин/МИА архива

Остани поврзан