Нов дефект остави друг дел од Тетово без струја после 16 часот
- Од околу 16 часот без снабдување со електрична енергија е нов дел од Тетово на потегот од Дом на АРМ кон пазарот и касарната. Претходно од 9 до 14 часот прекинот беше во централното градско подрачје.

Тетово, 21 февруари 2025 (МИА) – Од околу 16 часот без снабдување со електрична енергија е нов дел од Тетово на потегот од Дом на АРМ кон пазарот и касарната. Претходно од 9 до 14 часот прекинот беше во централното градско подрачје.
-Поради дефект на 20 киловолтен кабел на извод на трафостаницата „Тетово 1” околу 3.800 корисници се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на санација на дефектот, информираат од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.
Претходниот дефект на истата 110 киловолтна трафостаница „Тетово 1” беше причина без струја да бидат околу 5000 корисници.ас/вј/
Фото: МИА архива