• недела, 22 декември 2024

Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) – Ставена е во функција нова машина, со што се зголемува капацитетот за издавање на возачки дозволи или лични карти, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и упати уште еден повик до македонските граѓани да ги заменат возачките коишто се со старо уставно име заклучно со Нова година. 

Тошковски, во гостувањето во дневникот на Сител, посочи дека има околу 200 илајди возчаки дозволи кои останува да бидат променети, кои со моменталниот капацитет може да биде направено за не повеќе од 20 дена.

-Значи за 20 дена можеме да ги испринтаме, да ги исперсонализираме сите возачки дозволи коишто се потребни, ги имаме обезбедено обрасците од претходно кога немаше обрасци. Повеќе нема чекање за граѓаните да можат да пристапат до просториите за да се фотографираат и да ја завршат таа работа, изјави Тошковски, во интервју за Сител. 

Тошковски, исто така, посочи дека доколку им се важечки истото не е на нивни трошок во делот на трошокот којшто се исплаќа спрема државата во делот на производство на возачката дозвола. аа/ра

Фото: МИА архива

Остани поврзан