• вторник, 14 мај 2024

Приведени 13 лица при претрес на дом во Скопје, запленета дрога

Приведени 13 лица при претрес на дом во Скопје, запленета дрога
Скопје, 25 декември 2020 (МИА) - Полициски службеници синоќа при претрес на дом во Скопје привеле 13 лица, откако таму биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога, соопшти МВР. - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје синоќа околу 21:30 часот извршија претрес на дом, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје во стан во центарот на Скопје, сопственост на правно лице. При претресот се затекнати 13 лица кои присуствувале на роденденска забава, а пронајдени се повеќе пакувања со кокаин, марихуана, екстази, амфетамин, хашишово масло и друга дрога. Приведени се М.К. (22), В.А. (28), М.И. (28), С.Г. (23), Р.Ј. (22), Р.В. (31), Г.А. (23), Н.К. (22), П.Г. (27), М.И. (21), Н.Ш. (23), Т.П. (22) и В.М. (23). Дел од лицата биле и затекнати додека консумирале наркотични средства, информираат од МВР. Во соопштението се посочува дека против лицата ќе биде поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство. фф/сп/

Остани поврзан