• четврток, 04 декември 2025

Наутро свежо, преку ден топло

Наутро свежо, преку ден топло

Скопје, 22 септември 2025 (МИА) - Времето денеска наутро ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 32 степена Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и в среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање.вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан