• петок, 10 мај 2024

Приведени четири лица за вчерашното пукање пред болницата, се трага по едно лице

Приведени четири лица за вчерашното пукање пред болницата, се трага по едно лице

Тетово, 12 јануари 2024 (МИА)  - Четири лица се приведени како осомничени за вчерашното пукање и ранување на двајцата браќа од тетовското село Гајре, што се случи околу 18 часот пред Ургетниот центар н Клиничката болница Тетово. Полицијата трага по уште едно машко лице. 

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница, кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре. За уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информира портпаролот на СВР Тетово , Марјан Јосифоски. 

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат соодветни поднесоци. ас/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан