• недела, 19 мај 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска (10.05.2024) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „тешки дела против општата сигурност" по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки, подигнати докази, извршени вештачења и разговори со повеќе лица било утврдено дека на 11.05.2023 под мостот „Беласица“, пријавениот предизвикал пожар на т.н. „просторија за компензација на топловод", кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ-Снабдување со топлина, при што се предизвикани топлински оштетувања на наведениот топловод, како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот. Инаку, пријавениот И.Х. од 12.09.2023 се наоѓа на издржување казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 08.05.2024, пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси возило, во обложувалница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.

На 10.05.2024 во 02.22 часот на крстосница помеѓу улица „Маршал Тито“ и улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ф.Е.(28) од Гостивар, затоа што кај него биле пронајдени и одземени остар предмет и гумена палка. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

На 09.05.2024 во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 09.05.2024 во 19.25 часот во СВР Скопје, Н.Ј.(19) од Скопје пријавил дека на 08.05.2024 околу 01.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.05.2024 во 12.10 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник М.А.(17), кој и претходно се оддалечувал и се враќал назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.05.2024 во 10.03 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во с.Пласница настанал пожар во куќа сопственост на У.С., а бил зафатен и дел од куќата, сопственост на А.Џ.(64). Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Македонски Брод.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ј.Ј.М.(27) од Шведска, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 01.05.2024 на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, тој на увид приложил фалсификувана патна исправа. Од Основен суд Куманово изречена е пресуда со која пријавениот е осуден со казна затвор во траење од три месеци условно за две години, а воедно изречена му е мерка протерување на странец од земјата во траење од пет години.

На 09.05.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. мд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан