• понеделник, 23 декември 2024

Рот: Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија, сериозен удар за ЕУ амбициите

Рот: Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија, сериозен удар за ЕУ амбициите

Скопје, 10 мај 2024 (МИА) - Поранешен германски министер за надворешни работи и претседател на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг, Михаел Рот смета дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори е сериозен удар за ЕУ амбициите и дека за ова не е одговорна само поразената социјалдемократска влада, туку и државите на ЕУ кои ги европеизирале билатералните проблеми и ги уценувале.

-Десниот национализам триумфираше во Северна Македонија. Сериозен удар за ЕУ амбициите. За ова не е одговорна само поразената социјалдемократска влада, туку државите на ЕУ кои ги европеизираа билатералните проблеми и ги уценуваа. Ако продолжиме со преговорите за пристапување кон ЕУ на таков технократски начин, младата генерација ќе се иселат од Западен Балкан, национализмот и евроскептицизмот драстично ќе се зголемат. Русија и Кина треба да бидат среќни. Конечно ни треба рестарт и без блокади, напиша Рот на Х. аа/ац/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан