• среда, 25 март 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги поддржува земјоделците со конкретни мерки, субвенциите се редовни, извозот расте, борбата со корупцијата продолжува

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги поддржува земјоделците со конкретни мерки, субвенциите се редовни, извозот расте, борбата со корупцијата продолжува

Скопје, 20 март 2026

Безидејните политики на СДС се очигледни. Денешното соопштение им е полно со лаги и манипулации. Субвенциите кон земјоделците се исплаќаат редовно, од почетокот на оваа година се исплатени 1.812.692.496 денари, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Согласно последните податоци од Платежната агенција над 80% од зелената нафта земјоделците ја искористиле.

Според податоците на ДЗС за 2025 година извозот на земјоделски производи бележи значителен раст, достигна 416,7 милиони евра, зголемување од околу 85 милиони евра во споредба со 2024 година.

Откупот на зелката се одвива непречено без проблеми, откупот се движи од 50 денари за килограм.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажува дека компромис со криминал нема, секој којшто ќе се огреши пред законот ќе одговара.

Борбата со корупција продолжува на дело, а не како СДС што ја прикриваше.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

Остани поврзан