• понеделник, 20 мај 2024

Приведени осомничени крадци во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Приведени осомничени крадци во Битола, одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Битолската полиција синоќа во 21.45 чaсот ги лишила од слобода А.М. (40) и И.К. (55), двајцата од Битола, кои се сомничат дека истиот ден извршиле „тешка кражба“, при што од рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола одзеле повеќе предмети.

-При преглед на патничко возило „нисан”, во кое се превезувале, биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, информираат од МВР. 

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/са/

фото МИА архива

 


 
 

 

 

Остани поврзан