• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) - На 18/19.05.2024 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале  11 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-02, Струга-03, Кичево-05, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

На 19.05.2024 во 02.15 часот  на автопатот А1 кај Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино пронашле три лица мигранти, од кои две од Република Турција и едно од Ирак. Мигрантите биле предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за понатамошна постапка.

На 18.05.2024 во 16.24 часот во СВР Штип било пријавено дека во хотел во Штип, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип. Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. 

На 18.05.2024 во 14.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода В.П.Г.(57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.05.2024 во 22.40 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода А.М.(35), Љ.П.(35), двајцата од Скопје, Н.А.(21) од Илинден, скопско и В.С.(18) од Петровец, скопско, затоа што каменувале автобус во движење, при што ги оштетиле прозорците. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.05.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.С.Н.(45) од Скопје пријавила дека на 16.05.2024 околу 09.30 часот пред основно училиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неговата соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, А.Ј.(38) од Скопје пријавила дека во автобус, со кој се враќала од екскурзија, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2024 година во 18.55 часот во СВР Струмица, К.В.Н.(36) од Струмица пријавила дека истиот ден во двор на основно училиште во Струмица нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2024 во 23.00 часот во СВР Струмица, З.Х.(44) од Василево, струмичко, пријавил дека истиот ден во с.Баница, струмичко бил физички нападнат од две лица, кои ги познавал од претходно. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.05.2024 во 03.40 часот во СВР Скопје, Х.Д.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, кое подоцна го оштетило и возилото на неговиот пријател. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2024 во 14.12 часот во СВР Скопје, Л.Б.(50) од Скопје пријавил дека на ул.„Костурски Херои“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 18.05.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, В.Ѓ.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   

На 18.05.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово, А.В.(38) од с.Пчиња, кумановско, пријавила дека на 17.05.2024 во училишен двор во селото, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2024 во 14.50 часот во СВР Штип, Г.С.(51), З.С.(52), двајцата од Штип и Г.П.(53) од Кочани пријавиле дека во угостителски објект во Штип биле физички нападнати од М.С. и С.„Н“. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.05.2024 во 12.30 часот во Полициската канцеларија Пехчево, К.М. од Штип пријавил дека на место викано „Тополана“, атар на с.Чифлик, пехчевско, пронашол ископана дупка во која и околу неа имало коски. По насоки на ОЈО Берово и ОЈО Кочани, извршен е увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во близина се наоѓаат неколку археолошки наоѓалишта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 18.05.2024 во 08.00 часот во СВР Охрид, О.Ц.(53) од Охрид пријавил дека од привременото престојувалиште во Охрид се оддалечил М.Б.(44) од Непал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 18.05.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба, А.И.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје била касната од куче скитник.

Денеска (19.05.2024) во 02.50 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода О.Д.(28) од Република Турција затоа што со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него биде поднесена соодветна пријава.    

На 18.05.2024 година во 17.20 часот во СВР Охрид, В.Ј.(58) од Скопје пријавила дека на стариот пат Охрид - Струга била касната од куче скитник.  

На 18.05.2024 во 13.10 часот во ОВР Гостивар, Д.Е.(40) од гостиварска Горна Бањица пријавила дека нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. миа/миа/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан