• четврток, 25 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 мај 2024 (МИА) - На 19.05.2024 во 00.20 часот на ул.„Охридска“ во Битола,  полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(36) од Битола.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен Суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 19.05.2024 околу 01.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву ланос“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.С.(66) од с.Милетино, тетовско и патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од П.Д.(23) од с.Блаце, општина Брвеница.

Во несреќата со тешки телесни пореди се здобила сопатничката од возилото „даеву ланос“, Б.С.(61) од с.Милетино, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Денеска (19.05.2024) во 02.40 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со национална ознака на Чешка Република, управувано од Г.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(25) од Житоше, прилепско, по што удриле во три паркирани патнички возила „сеат“, „цитроен“ и „фолксваген“.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „голф“, Р.Ќ.(26) с.Чајле, гостиварско, а со телесни повреди се здобиле возачите на возилата „ауди“ и „голф“, како и сопатникот на возилото „голф“ А.И.(60) од Житоше, констатирани во Општа болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

На 18.05.2024 во 21.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул.,,Гоце Делчев" во Прилеп, патничко моторно возило „ауди" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(23) од Прилеп, удрило во пешакот Л.Т.(63) од Прилеп.

Во несреќата Л.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 18.05.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат за ХЕЦ Козјак, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(42) од с.Дражилово, општина Сопиште и мотокултиватор управуван од Н.С.(35) од с.Батинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотокултиваторот Р.Б.(57) од с.Батинци, возачот Н.С. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 18.05.2024 во 15.33 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Битола, патничко возило „фиат" со битолски регистарски ознаки, управувано од М.М.(61) од с.Гнеотино, општина Новаци, удрило во велосипед управуван од В.Г.(54) од Битола.

Во несреќата велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 18.05.2024 во 21.40 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(52) од Скопје пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје нејзиниот малолетен син  бил каснат од куче скитник.

На 18.05.2024 во 18.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Т.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 18.05.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Драчево, Д.С.(35) од општина Чешиново - Облешево пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник. сст/

 

Остани поврзан