• вторник, 07 мај 2024

Приведени крадци во Гостиварско, извршиле „тешка кражба“ во куќа

Приведени крадци во Гостиварско,  извршиле „тешка кражба“ во куќа

Скопје, 8 април 2024 (МИА) - Полицијата вчера во 00.20 часот и во 13.00 часот во гостиварски Добридол ги лишиле од слобода Ј.М.(19) и И.Ф.(32) од истото село.

Како што соопшти МВР, лицата се сомничат дека на 2 април 2024 година во село Добридол извршиле кривично дело „тешка кражба“ во куќа.

Во полициска станица со Ј.М. и со И.Ф. бил извршен службен разговор, при што го признале делото.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава. мд/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан