• сабота, 18 мај 2024

Приведени крадци во Битола кои го признале делото, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Приведени крадци во Битола кои го признале делото, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Полицијата приведе тројца млади лица, од кои двајца малолетници во Битола кои се сомничат дека извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија- ХЕЦ Сапунчица во село Дихово. Тие го признале делото, а пронајденото е одземено и ќе биде вратено на сопственикот, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола денеска во Битола ги лишиле од слобода Д.А.(21) и две лица на возраст од 17 години, сите од Битола, кои се сомничат дека на 13.11.2023 во с.Дихово, битолско, извршиле тешка кражба на предмети и инсталација во сопственост на ЕВН Македонија- ХЕЦ Сапунчица во с.Дихово. Приведените во целост го признале кривичното дело, а пронајдени и одземени им се и предметите кои потекнуваат од кривичното дело „тешка кражба“ и пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, велат од МВР.

Најавуваат дека по целосно документирање на случајот против трите лица ќе биде поднесена соодветна пријава. сх/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан