• недела, 28 април 2024

Приведена скопјанка, претрес во Карпош, пронајдена дрога

Приведена скопјанка, претрес во Карпош, пронајдена дрога

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Синоќа во 23 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.К.(54) од Скопје, соопштија денеска од МВР.

При извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, се појаснува во соопштението, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан